Ќе му се суди на Зоран Марјановиќ оти ја убил сопругата Јелена

Вишиот суд во Белград го потврди обвинението против Зоран Марјановиќ (39), кое го товари за убиство на сопругата Јелена Марјановиќ, позната пејачка, на 2 април 2016 година, на насипот во Црвенка кај Борца.

Ова е дополнително обвинение на Вишото обвинителство од јуни годинава, кое беше испратено на доработка. За оваа одлука Марјановиќ и неговите бранители имаат право да се жалат до Апелациониот суд во Белград во рок од 15 дена, а кој треба да донесе конечна одлука за потврдување на обвинението.

Како што пренесува „Блиц“, Марјановиќ е обвинет за тешко убиство, а во обвинението овој пат е сведочењето на ќерката на Јелена и Зоран, Јана, која ја даде на крајот од јуни.

Исто така,  собрани се нови докази кои ги потврдија сомневањата на обвинителството и полицијата дека Марјановиќ ја убил својата сопруга на 2 април 2016 година, на насипот во Црвенка.
Судењето на Зоран Марјановиќ ќе почне наесен, а ако биде осуден за тешко убиство може да добие казна затвор од 10 до 40 години.

Зоран Марјановиќ беше уапсен на 15 септември 2017 година, додека беше учесник во реално шоу на една од телевизиите,  речиси една и пол година по убиството.

Тој и претходно бил приведуван, но по сослушувањето во полицијата и тестирањето на полиграфот  бил ослободен поради недостаток на докази.

На сослушувањето во Вишото јавно обвинителство Марјановиќ негираше дека ја убил својата сопруга и повторил се што претходно изјавил на полициските сослушувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.