Колумни

Отворено писмо до Премиерот на Македонија (1) – Ќе подадеш ли рака на медиумите, г-дине Зоран Заев?

Отворено писмо до Премиерот на Македонија (1) – Ќе подадеш ли рака на медиумите, г-дине Зоран Заев?

Да Ви се претставам. Јас сум Виктор Грозданов член на Централниот Одбор на Граѓанската Опција за Македонија-ГРОМ висококвалификуван Опзозиционер. За разлика од некои плачковци јас живеев за овој момент бидејќи ГРОМ-овци се добри во власт, ама се поопасни во опозиција. Говорам за интелектуален пристап, за да разберете поубаво. Мојата драга пријателка астролог ми вели дека во хороскоп сум дупли бик со овен во планета. Тоа подразбира дека живеам со лична филозофија: Инаетот е посладок од медот.

Пред да говорам за медиумите многу ми се интересни две личности од Вашата партија.

Петре Шилегов, кој храбро се сокри на 27 април позади Искра Опетчевска и Радмила Шеќеринска. Сигурно си помислил дека двете се Хулк Хоган и Џејк д Снејк и можат да трпат ќотек.

Радмила Шеќеринска Министер за Одбрана. Па, ова е финале. Можеш ли да замислиш дека Бела Рада ќе прогледа без офтамолошка интервенција кога ќе ги запознае Член 6 и Член 7 за Јавни Набавки во самото министерство. Се однесува на државна тајна и строго доверливо.

Но, да се сконцентрирам на медиумите. Во Вашиот говор има една силна порака: „Ќе составувам работи нема да рушам“. Тоа значи дека нема да слушате одредени новинарски крвопии кои се заинтересирани само за своите транскациски сметки. Напомена: Само 5% знаење Ви давам.

Релиценцирање и Редефинирање на медиумите

Внимателно ја читав почитуваната Ида Протуѓер како најавува редефинирање во медиумскиот свет поради тоа што имала сериозно недоразбирање со одредени медиумски газди и истите и се одразиле врз професионалната кариера и нејзина финансиска состојба.

Слушнавте ли господине Премиер некогаш да плачам во јавноста кога ја спроведував мојата гореспомената лична филозофија која ме доведе до финансиски колапс две години. Да се знае Бети Канчевска Милевска прва ми пружи рака на спас, а тоа не се заборава. Дали знаете дека  Ненад Мирчевски и Наум Стоилковски од неделникот „Република“, според Вашите медиумски стручњаци новинари на фашистичкиот режим, дека заедно ако ги спојат платите дека им се неколку пати помали од месечниот надоместок на Фани Каранфилова Пановска. М? Патем сеуште не Ви ја простувам Вашата порака до Нора Шаќири Марковиќ бидејќи беше брзоплето безобразна.

Но, да Ви споделам искуство. Во не така далечната 2012 година имаше аргументи за одземање на дозволите на „Канал 77“, „Канал 5“ и „Сител“. Мојот неофицијален одговор беше дека станува збор за институции и дека личните недоразбирања треба да се надминат. Како пример: Моето лично чувство кон Емил Стојменов поради неговиот недоличен однос кон Владо Младеновски и посебно кон Роберт Поповски, кога имаше сериозен момент да се сруши столбот на неговиот дом, неможе да биде пресудно за останатите вработени.

Велат инаку дека сум го создал Ел Диабло Џурналистико заедно со Атанас Ковачевски. Не е точно. Туку само на личноста која вообичаено го викаат Сарма и дадовме можност, а тоа што не Ве сака како политичка идеологија е негово лично право. Патем Искра Опетчевска вели вака: Сарма е добар дечак.

Поради тоа г-дине Премиер немојте да влегувате во авантури, зошто сите судови на светов ќе пресудат во корист на медиумите.

ЗАМП

Ова навидум државотворно друштво во 2016 година изврши државен удар во Македонија. Ги стави сите радио станици во положба да ги загубат дозволите. Дали Вие сте спремен да ги добиете документите што ги собрал Зоран Стефановски, а ги поседува Зоран Трајчевски, каде има сериозни индиции за лажен договор за реемитување на НОВА ТВ од Република Хрватска? Споменатите не верувам дека здиплиле пари, ама дека не реагирале е факт. Зарем нема да се сложите со мене дека државничка функција во медиумите треба да возбудува за да оставите печат во историјата? Да не го заборавам и староновиот министер без ресор Аднан Ќахил кој беше претседател на второстепената комисија која одлучуваше во 2006 година за тарифникот на ЗАМП. Само треба да ги прашате Славе Димитров и Калиопи Букле и се’ ќе Ви биде јасно.

Радиодифузна такса

Се надевам дека некој во Вашата Влада слушнал за Марк Ребој и Монро Е.Прајс. Наместо државата да ги финансира директно корисниците на радиодифузната такса требаше или треба да донесете заклучок за кредитирање на носителите на домаќинствата најдоцна до 5-ти во тековниот месец, а истите кога на нивната трансакција ќе примат плата само ќе имаат 200 денари помалку без блокади во банките. Социјалните случаи ќе ги финансира државата. Многу едноставно нели?

Македонска Радиодифузија

Дали сте спремен нашата Влада на Република Македонија да започне преговори за откуп на дигиталните терестријални мултиплекси од ОНЕ ВИП за емитување на сигналите на сите терестријални телевизии. Во исто време цената на чинење за сигналот ќе се намали за 25%. Инаку ЈП МРД треба да се трансформира во АД. На моите ценети пријатели, за жал сега покојниот медиумски генијалец во регулативата Роберто Беличанец, Газменд Ајдини и Филип Медарски јавно им признавам дека само поради Тони Русомаровски и Сашо Станчески моравме да го спречиме тој процес во 2008 година. Причината беше неразумниот финансиски тарифник кон телевизиите.

Македонска радиотелевизија

Многу се возбудува Вашата политичка партија за да го смени извршниот директор со закон. Има само еден проблем. Го има мандатот добиено на конкурс што значи Вашата одлука ќе ја дочека со музика.

Треба да знаете дека треба да отворите минимум 5 канали дополнително и да извршите увид колку вработени отишле во пензија и колку нововработени требаат. Што би рекле авторите на Јавен Радиодифузен Сервис Во Транзиција ќе мора да создадеме и законско решение за Центар за обуки. Рековте Вие лично ќе соработувате.

Доколку сакате нов закон за директор ќе мора да го направите следново:

  • Нема повеќе Управен одбор туку собраниска комисија од сите политички субјекти во Собранието на РМ и со која ќе раководи пратеник од партиите на Србите, Турците, Власите, Бошњаците или Ромите
  • Директорот мора да знае што е тековна финансиска година, а што телевизиска година
  • Директорот мора да бил минимум 10 години директор на А1 телевизија
  • Директорот мора да бил минимум 3 години во затвор не по своја вина и Вие како Влада да го амнестирате
  • Директорот да е роден во Прилеп
  • Иницијалите на новиот директор да се Д.П.
  • Мандатот на Директорот е неограничен

Бујрум. Маријан Цветковски во такви услови ќе си оди самоиницијативно. Верувам во ова што го пишувам.

Агенција за медиуми и Зоран трајчевски

Знаете зошто треба да го смените Зоран Трајчевски? Од две причини. Лазар Колишевски кога ја управуваше оваа држава од Српско-Бугарска направија во наша Македонска ги создал Нова Македонија, Радио Скопје и Телевизија Скопје кога Република Турција немала телвизија. Се’ било прво на македонски јазик, па подоцна и на албански итн. Денес „Спорт Клуб“ и „Евроспорт“ емитуваат програма на некој од балканските јазици. А, Зоран Трајчевски си молчи.

Нели е жално да на Бане Томато и Теди Скај не им дадеме можност да направат музички телевизии каде ќе преовладува песна од оваа наша мала држава. Ние им бараме баснословни суми за дозвола, а во меѓувреме „ДМ Сат“ е супер гледана станица.

Моите големи учители од 1995 година, Ристо Иванов и Зоран Велковски, ме научија следниве работи. Првиот: Деца не гледајте во зајчев рид и Водно, туку во Монт Блан, Аконкагва за да дојдете до Монт Еверест. Вториот: Парите не се проблем, туку идеите.

Пред Крај. На твоите Карпошовци од Драчево, Тетово, Пештани итн, на нивните закани да им соопштиш дека на нас од ГРОМ ни се стресоа наталитетниве Звонци.

На Крај. На 31.05.2017 година  јасно се изјаснивте дека треба што поскоро да го заборавиме и простиме 27 Април. Да Ви соопштам една вистина. Еден суспендиран полициски службеник кој имал задолженија за на терен како да постапува се наоѓа кај Собранието на Република Македонија (и тоа е терен нели?). После 20 минути од влегувањето на народните маси влегува лично прво во големата сала. После неколку минути дознава дека сте нападнати сите како пратеници. Кога стига до прес салата Вашиот обезбедувач по Ваша признаена јавно наредба стрела во воздух. Да Ве прашам како требал да постапи службеникот. Да му напише депеша од типот: Ве молам немојте да стрелате во воздух или да му настапи жестоко со наредба од типот Спушти го пиштолот. Вашиот обезбедувач му вели: Колега. Тогаш службеникот попушта и се обраќа до вториот обезбедувач со следниве зборови: Покажи дали имаш пиштол. За среќа немал.

Е сега. Вашите новинари крвопии го обвинија дека наводно се обратил со зборовите: дај ми го Заев. Сепак самиот вели има видео снимки, нека ми читаат од усните. Ајде да ангажираме читачи од усни.

Полицискиот службеник ми е другар. Инаку сериозен православен верник и кога се колне не лаже. Вашите крвопии ќе говорат дека сигурно сум му должен. Не. Он на мене ми е должен. И тоа три години. И долгот ќе му го наплатам со Камата. А кога ќе го наплатам долгот ќе Ве повикам заедно да го користиме. Долгот е Јагула на Охридски начин.

Службеникот го викаме Мите Џачката, а Виктор Грозданов не продава другари кога се сериозно невини и ќе го бранам по секоја цена од твоите крвопии и ако може да го частите суспензија уште една година верувајте јас ќе го тешам..

Виктор Грозданов/Авторот е член на ЦО на ГРОМ