Ќе понесе ли некој од СДСМ одговорност за криминално-полициска местенка на Спасов?

Доказите и фактите ги побија лагите конструирани од високиот врв на СДСМ. Она што тие го направија минатиот петок е класична криминално-полициска местенка врз Диме Спасов, пишува „Курир“.

Оркестрирано- нарачано од СДСМ, спроведено од МВР на чие чело е Оливер Спасовски и криминалците кои тој самиот ги постави на функции, поддржано и режирано од страна на медиумите на Сорос кои работат под диригентска палка од Бихаќка.

СДСМ и Зоран Заев „обезглавено“ бараа позиции во полицијата, а нивната цел стана веднаш видлива, тие почнаа со злоупотреба на институциите за партиски цели. Зад плаштот на борбата за демократија и слобода, челниците на СДСМ ја узурпираат слободата и ја газат демократијата. Цела недела пласираа бесрамни лаги пред јавноста, директно напаѓајќи го Спасов без докази. Секој ден челници на СДСМ преку изјави и соопштенија ја продолжуваа заложбата да се наштети на честа, угледот и кредибилитетот на Спасов.

Јавноста вчера ја виде вистината и доби одговор на сите прашања. Но, сега чека уште еден одговор: Ќе понесе ли некој од СДСМ одговорност за грозоморната криминално-полициска местенка на Диме Спасов?

Министерот на СДСМ, Оливер Спасовски најотворено ја лажеше јавноста, застанувајќи во одбрана на криминалци. Тој прикриваше лица со дебели криминални досиеја, со единствена цел да оствари политички поени и да нанесе штета на угледот на функционерот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

nikola-srbov

Србов: Видовме полициско криминална конструкција од структурите на МВР како во најцрните времиња на безбедносните служби во државата!

-Вчера видовме како се спроведува една полициско криминална конструкција од структурите на МВР како во најцрните времиња на безбедносните служби во државата. Видовме како се монтира случај на висок функционер во Владата на Македонија и како се постапува кон него, видовме како Диме Спасов под закана на оружје беше изваден од возилото, за подоцна МВР во комуникација со СДСМ и медиумите под нивна контрола да започнат медиумска хајка против Диме Спасов. Вака се местеле, апселе, дисквалификувале и затварале луѓе во минатото, без никаква вина, на ист ваков начин. Евидентно е дека СДСМ го бараше Министерството за внатрешни работи за да креира вакви случаи пред изборите на 11 декември. Ова е класична злоупотреба на министерството кое треба да биде гарант за безбедноста на државата, министерство кое треба да ги гарантира слободите и правата на сите граѓани во Р. Македонија и да биде чувар на уставниот поредок, вели Никола Србов во изјава за КУРИР.

Србов е категоричен- одговорност за ваквото однесување мора да сноси Спасовски.

-И покрај целиот измонтиран случај, го гледавме Оливер Спасовски како ја лаже јавноста на прес конференција на која не уверуваше дека немало никакво следење, дека немало напад на возилото, дека Диме Спасов не бил под закана на оружје, а јавноста виде докази, снимки, дека се случувало спротивното, дека Диме Спасов бил под напад на партиските послушници на Оливер Спасовски во полицијата. Целиот случај го креираа врз наводен судар помеѓу две возила, а такво нешто не видовме. Со оглед на тоа дека се врши класична злоупотреба на Министерството за внатрешни работи во партиски цели, Оливер Спасовски треба веднаш да си поднесе оставка и да понесе одговорност за целиот случај околу Диме Спасов. Во демократско општество вакви криминални конструкции се недозволиви, вакви полициско криминални монтирани случаи се сведоци на еден друг поранешен систем во кој полицијата управуваше со животите на граѓаните, таа одлучуваше кој ќе живее а кој не, заклучува Србов.

pandov-sjo

Пандов: Спасовски да поднесе неотповиклива оставка

-Ако говориме и за морална и за политичка одговорност, број еден човек кој треба да си поднесе одговорност, тоа е генералниот секретар на СДСМ, а сега привремен технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Зошто го тврдам тоа? По снимката вчера што ја видовме, станува јасно дека тука се работи за сојузништво, за пакт помеѓу криминалци од криминалното подземје во Македонија кои се заштитени и здружени со параполицајци кои ги има ангажирано генералниот секретар на СДСМ, Спасовски. Тврдам дека ако има било каква човечност, морално или политичко чувство, тој човек треба под итно да си поднесе неотповиклива оставка, вели аналитичарот Александар Пандов во изјава за КУРИР.

Одговорност и од СДСМ

Гласноговорникот на Зоран Заев, Петре Шилегов, беше исто така жив фатен во лага. Изјавите на Диме Спасов тој ги нарече измислици и побара негова оставка. Но, како и целата јавност, така и Шилегов вчера имаше можност да ја види вистината. Тој и должи извинување на јавноста, а поради пласираните невистини, треба да понесе и одговорност. Целата оркестрирана хајка водена од СДСМ беше следена, а очигледно и раководена, директно од првиот човек на опозицијата, Зоран Заев.

Партијата во соопштенија кои ги испраќаше до јавноста не бираше зборови и аргументи. И Спасовски во полицискиот билтен се изразуваше како тоа да е партиско соопштение на СДСМ. Од партијата на Заев со денови манипулираа со јавноста, а ги поттикнуваа и медиумите финансирани од Сорос да ги шират лагите за овој настан.

Затоа одговорност треба да понесе и највисокото раководство, водено од првиот партиски човек, пишува „Курир“.