Ќе преживееме ли како држава во 2016 година?

Пред половина век македонскиот титан Гане Тодоровски ја создаде најкратката национална програма во светот. Во еден збор: Македонствување. И не само што ја навести, туку и се’ до неговата смрт и ја реализираше.

Што значи Македонствување?

Тоа е воскреснување и чување на македонското име/идентитет, традиции, култура, на македонскиот дух и на македонската држава. Во клучни и во драматични моменти од македонската историја Господ ни испраќаше духовни лидери и тие беа вистински стожери на македонството. Во втората половинина на 19-от век – Григор Прличев, во почетокот на 20-от век – Крсте Петков Мисирков, пред Втората светска војна – Кочо Рацин, по ослободувањето на Македонија – Блаже Конески, пред и по осамостојувањето на Република Македонија – Гане Тодоровски.

Дали некој се сеќава на македонските политичари во изминатиот период? Не, со исклучок на Гоце, Даме, Јане. За многумина од другите во македонскиот народ, како што велеше Гане Тодоровски, има само три збора:

„Мамето мамино нивно…“

Сето тоа е доказ за спротивната улога на официјалните институции и на личностите-институции во македонската судбина. Другите во официјалните институции веќе 24 години попуштаат пред сите надворешни и внатрешни притисоци и уцени на македонските душмани. Единствената и позитивна улога е дека повремено ќе кажат добар збор или ќе доделат награда на личности и на национални инстиитуции. Само што овој добар збор повеќепати е на нивниот погреб, а наградите се преплавени од сериски лицемери и додворувачи на актуелни институции. Седум децении македонската држава нема добра иднина, затоа што личностите – институции се држат далеку од државните институции. Нешто повеќе. Во тие државни инситуции нема личности кои ќе ја спроведат националната програма на Гане Тодоровски, означена како „Македонствувајте!“. Не куриозно, а дури патолошко е кога многу висок државен функцкионер изјавува дека во споредба со него, македонските патриоти биле слободни да имаат ставови, а тој не можел, затоа што имал државни обврски. Оттука излегува дека МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА, НА КОЈА ОВОЈ ЧОВЕК Е ПРЕТСЕДАТЕЛ ВТОР МАНДАТ НЕМА ПРАВО НА СОПСТВЕНИ СТАВОВИ. И уште полошо. Стравот од индивидуален став се наметнува врз целата држава, врз целиот народ. Таквите луѓе преку државните институции ја уништуваат македонската држава, со тоа што ја идентификуваат својата неспособност со неа. Невидено лицемерие е загриженоста за функциите на државата, за преголемото мешање на странскиот факгтор, кога точно кај ПРЕТСЕДАТЕЛОТ беше клучот за средување на состојбите веднаш по телевизиското  обраќање на премиерот Груевски на 31 јануари годинава. На ист начин ни продаваа магла и поранешниот претседатели Црвенковски, Трајковски, Глигоров. Глувци во државни обележја.

Секојдневно во македонските медиуми се пишува дека месеците од јануари до април/практично и потоа/ ќе бидат пеколни. Мал дел од тоа веќе го видовме-хаос во Владата и во државните институции. 1. Хаос организиран од надвор и спроведуван за федерализација на Македонија; 2. Официјално менување на македонското име идентитет; 3. Уништување на македонската држава преку нејзина поделба меѓу Албанија и Бугарија. Судир може во третиот дел, бидејќи апетитот на Албанците секојдневно расте. Со наметнување на албанскиот јазик како службен на целата територија на Македонија, преку ревизија на Рамковниот договор, тие ја сакаат целата за нив.

Официјалната федерализација на Македонија е агенда на САД и ЕУ. Во својата агенда тие веќе и не го кријат тоа. Во тек е проста аритметика. Се бара мнозинство во Собранието кое ќе гласа, па сето тоа да биде озаконето и „доброволно“. Веќе девет години Груевски се спротивставува на тоа /иако не цврсто/, та затоа е непожелен. Оттука и сите „бомби“ и „афери“. Ако се казнува за такви работи, во светот не би останала ниту една Влада, на чело со владата на САД. Зашто покорумпирано место од Вашингтон и Брисел нема. Принципиелно, странските лешинари не се против коалициона Влада со учество на ВМРО-ДПМНЕ, ако нивните пратеници гласаат за федералицазија и за менување на името. Груевски им смета, затоа што дава отпор и секогаш може да поднесе изненадување. Затоа, како што напишав во една колумна: 1. Целта ќе биде да се предизвикаат турбуленции во владејачката партија против него и 2. Да не биде допуштен до избори преку негово апсење.

Првото веќе го видовме со интигрантската српска анкета, според која Заев има поголем рејтинг од министерот Никола Тодоров, а вицепремиерот Зоран Ставревски – поголем рејтинг од Груевски. Таа пропагандна се афирмира бидејќи Ставревски и Тодоров имаат шанси да станат премиери по повлекувањето на Груевски. Надвор од видлиивото интригантско има и такво на кулоарно ниво – изгледа американската марионета Јолевски е надвор од „играта“, па затоа се афирмира една друга – гласна „патриотска“ марионета Милошоски. Ако актуелниот премиер заглави со својот наследник, ќе се повтори случајот Кол-Меркел.

ЗАТОА, ПРЕД ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА ГРУЕВСКИ МОРА СИТЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ ПЛУС НАДВОРЕШНИТЕ МРШОЈАДЦИ ДА ПОТПИШАТ ДОГОВОР СО ОПЦИЈА, АКО ПО НЕКАКВА ПРИЧИНА ИЗБОРИТЕ НЕ СЕ СПРОВЕДАТ НА 24 АПРИЛ ВЕДНАШ ГРУЕВСКИ ДА СЕ ВРАТИ НА ПРЕМИЕРСКАТА ФУНКЦИЈА.

Ако СДСМ откаже да потпише таква опција, нема премиерско повлекување, министрите од СДСМ веднаш да излезат од Владата, Катица Јанева да се врати од каде што дојде, а Заев и елитата криминалци од СДСМ – во затвор.

Апсолутното попуштање на сите претензии, желби, уцени на СДСМ и странските газди се покажаа како многу штетни за македонската држава. И во 2001 и во 2004 и во 2015 година. Мислењето: попуштаме за да го натераме СДСМ на избори кои ќе ги изгубат, е катастрофално. На државните непријатели ќе им дадеме се да се разоткријат и изгубат, е политика која сите не води кон небиднината. Колку повеќе го охрабруваш врагот толку потешко за тебе. (пример Исламската држава). Во еден извештај до Тито за престојот во Скопје, бугарската висока делегација на прославата на Илинден – 2 август 1946 година, се споменува дека од 260 гости повеќето биле непријатели на Македонија. На прашањето кон БРП, зошто носат такви луѓе, одговорот бил дека праќаат „реакционери за да се уверат дека тука е добро“. Кога нашите им одговорија дека ние воопшто не се грижиме да ја убедиме реакцијата, туку на секој начин да ја уништуваме, тие одговорија дека во Бугарија има демократија и дека опозицијата дејствува легално, додека ние во Југославија и лично напредуваме кон диктатура на пролетаријатот“. Во наредните децении се виде дека бугарската „демократија“ се трансформира во диктатура од сателитски тип, а југословенската „диктатура“ (и Македонија како дел од неа) стекна светски авторитет.

Денес сме на слична крстосница, само што владеачката партија сака да ја убеди надворешната и внатрешната реакција дека не е во право. Министерот Попоски вели дека грците биле наши братучеди (нашата килава дипломатија ги прогласи за браќа и братучеди сите соседи кои со векови не крадат, негираат и малтретираат) и им се моли „не ни ја земаат и душата“. Ахмети кажува дека Груевски ќе се повлече на 10-ти јануари, како да му е надзорник. Хан ќе дојде во истиот тој јануари да проконтролира како оди Пучот против државата. Странските амбасадори со Катица договараат дејствија против развластениот Груевски, тој пак продолжува да бара странски инвестиции. Додека ја чекаат официјалната федерализација, албанците отвораат трет албански универзитет. Со една реченица – секој прави тоа што не му е работа.

А ние? Што правиме ние, обичните луѓе, глупаците и цепаниците неделкани/ според професорката Мирјана Најчевска/, а стока и овци, собрани во кафез/ според друг професор Стево Пендаровски/?

Изгледа сме такви бидејќи не сме го извадиле стапот да ја изчистиме Македонија од која, некои дебилни „политичари“, „професори“, „соросоиди“, „аналитичари“ направија ѓубриште. Што ќе правиме меѓу јануари и април? Ќе гледаме смирено Заев да се лигави со дадените му од амбасадите на Велика Британија и САДС прислушкувани материјали. ВМРО-ДПМНЕ да продолжи со попуштањето за Законот за медиуми, Избирачкиот список и т.н. туркајќи ја агендата „избори“?

Ние, обичните „глупаци“ и „идиоти“ кои си ја љубиме татковината, не сакаме повеќе да ги слушаме мантрите на политичарите, вулгарностите на Ахмети и Компанија, фашистичките односи на Брисел и Вашингтон во однос на нашето име, историј и вредности. Доаѓа време да пукне и нашата „бомба“ со целосна содржина на зборовите на Гане Тодоровски: „Мамето мамино нивно…“ Тоа нема да се случи со кафеански херои кои кога ќе се поднапијат се дерат со патриотски песни, а потоа лазат на четири нозе до дома. Потребни ни се луѓе за дејствија. Ги има во македонскиот народ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.