Ќе пропадне ли идејата на Ахмети и Села за партиско тело за албанскиот јазик?

Ќе пропадне ли идејата на ДУИ и Алијансата сите парламентарни партии на Албанците да формираат тело со по двајца членови кои ќе работат на нов закон за употребта на албанскиот јазик. Од БЕСА велат дека немаат намера да предлагаат свои членови во какво било тело кое ќе крои нови закони за албанскиот јазик, објави „Канал 5“.

– Ние нашите потписи ќе му ги дадеме на Заев, велат од Движењето БЕСА. Тој  треба прво да го земе мандатот па потоа да ги отпочнеме преговорите во Собранието. Немаме никаква врска со ДУИ и Алијансата – освен една заедничка Декларација за која може и никогаш да не се  видиме, а да ја поддржиме, велат во БЕСА.

Од ДУИ за „Канал 5“  брифираат дека  законот за јазикот во кој се предвидува службена употреба на  албанскиот јазик, ќе биде  услов за  нивните потписи за создавање на собраниско мнозинство. Или со други зборови, посочуваат од партијата на Ахмети, предлогот ќе биде „Земи или остави“.

Предлогот предвидува целосна употреба на албанскиот јазик и албанското писмо во сите централни институции, а тоа не излегува од Уставот,  велат во ДУИ.

Претседателот на Алијансата, Зијадин Села вели дека преговорите за законот треба да се одвиваат во Собранието. Потврди дека потписите ќе ги дадат на Заев, но доколку јазикот не биде ставен во програмата нема да ја гласаат Владата.

Закон за употребата на албанскиот јазик ДУИ  не го доставиле до ВМРО-ДПМНЕ. Додаваат дека сите опции за преговори се отворени.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, неодамна изјави дека нема намера да го менуваат уставот бидејќи тој е добар за сите.