Ќе протурка ли СДСМ нов закон за медиуми без дебата?

Владата подготвува нов закон за медиумски реформи. Иако премиерот Зоран Заев најавуваше јавна дебата со сите засегнати страни, сепак според најавите законското решение за некој ден ќе се најде во собраниска процедура без притоа да биде разгледан медиумите.

Министерот без ресор Роберт Поповски,задолжен за прашања за комуниција и транспарентност, денеска информираше дека во понеделник на еврокомесарот Јоханес Хан ќе му соопштат дека законот ќе биде ставен во собраниска процедура.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вчера информираше дека токму притисоците врз медиумите од новата власт биле една од главните точки на неговите средби во Брисел.

„Укажав и на чуствителноста од притисокот и заканите врз сопствениците на медиумите, врз медиумите и новинарите. Вво Македонија постои една од најлошите ситуации во историјата на Македонија во која „се гуши медиумскиот простор и се тераат сите медиуми да информираат само афирмативно и никако критички за новата Влада, што не е добро за демократијата“, изјави Груевски.