среда, 26 јули 2017  |  Вести денес: 50

Ќе се ангажираат врвни тренери од странство во спортските академии

За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првиот тренер со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе биде ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје, рече Груевски.

selekcija

Последни вести

Последната четврта мерка за денес е ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти. Планот е да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање при промоцијата на нопви четири мерки од областа на спортот.

– Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија. И оваа мерка ќе почне да се применува дел по дел од година во година, почнувајки од септември 2017та во соработка со спортската академија и федерациите. За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првиот тренер со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе биде ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје, рече Груевски.

Од 2018-та, нагласи тој ќе се продолжи со ангажман на други вакви тренери и во други спортови и во спортските академиите различни градови.

-Ова се дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за директна подршка на спортот и спортистите, клубовите, федерациите во Македонија, со сите можни заштитни механизми од можни злоупотреби. Како што кажав на почетокот во периодот што следи ќе бидеме отворени за сугестии и насоки од спортистите, федерациите, и спортските работници, и други професионални  познавачи  на спортот кои ќе придонесат за носење на квалитетни решенија за напредок во спортот. Цврсто сум убеден во потенцијлот на македонските спортисти, но и во желбата и мотивираноста за успех. Наша обврска е подеднакво да се грижиме за сите сфери што се интерес на македонскиот граѓанин, а спортот е многу повеќе од обична игра. Тој е втемелувач на карактерот на човекот, колективно  задоволство а многу често и амбасадор на државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради и создава услови за развој. Граѓаните тоа го препознаваат,и знаат дека ние тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме, заклучи Груевски.

Најчитани вести