Ќе се бираат министри и заменици министри

Денес ќе се бираат министри и заменици министри во Владата. На дневниот ред на денешната 100-та собраниска седница ќе се најде предлогот за избор на членови на Влада на Република Македонија и Предлогот за именување заменици министри.

По завршувањето на 100-тата седница, Собранието ќе ја одржи 98-та седница на која пратениците ќе расправаат по Дополнетиот предлог закон за нотаријатот и на законот за извршување.

Прес-конференција на ДУИ
Министрите и замениците министри од ДУИ минатата недела поднесоа оставки.

Пратениците, како што е најавено, ќе расправаат и по предлог – законите за изменување и дополнување на Законот за градење, на Законот за јавните патишта, на Законот за сигурност во железничкиот систем и на Законот за превоз во патниот сообраќај, сите по скратена постапка.

На агендата се и предлог-законите за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење, на Законот за туристички развојни зони, на Законот за шумите, како и на Законот за персоналниот данок и на Законот за здравственото осигурување.