Ќе се чистат дивите депонии

дивите

Изборот на општини и локации е согласно Акциониот план за чистење на диви депонии во пилот општини во Република Македонија за чија реализација е задолжено МЖСПП  на 62 седница на Владата. Идејата е првично да бидат вклучени општини каде има туристички центри, заштитени подрачја, по должина на речни сливови, извори и покрај магистралните и регионалните патишта. При тоа да се искористат постоечките капацитети од надлежните министерства, националните и локалните институции и јавните комунални претпријатија на општините во кои се спроведуваат активностите.

Во првата фаза на активностите вклучени се следните општина Босилово на локациите Штука, Иловица, Дрвош, Сарај, Гечерлија, Старо Балдовци, општина Градско на локациите  Улинци,  Водоврати и  Долно Чичево, општина Дебар  на приградски диви депонии, општина Крушево на локации во село Бучин, општина Маврово и Ростуше  на локации на патот Велебрдо-Требиште во месности викани „во Драгине“, „ Кај воденицата“ и „Враница“, потоа на неколку локации кај Бошков мост и  во должина на  регионален пат околу Мавровско Езеро, општина Ново Село Сушица, Колешино, Борисово, Мокриево, Смоларе, С.Коњарево, Н.Коњарево, Зубово, Мокрино, Дразево, општина Ресен, на регионален пат Макази – Маркова Нога, општина Росоман во близина на мост на Црна Река, општина Сарај и општина Тетово на патот до Попова Шапка.

Министерството за животна средина и просторно планирање очекува преку вакви конкретни теренски активности значително да се подобри состојбата со непрописното одложување на отпадот, намалување на неговото штетно влијание и локализирање на депониите со цел полесна контрола на истите, до формирањето на регионалните депонии. По расчистувањето на сите локации, согласно Законот за управување со отпад, ќе следи и нивна ремедијација (озеленување, уредување) со што ќе се оплемени животната средина и ќе се подигне и јавната свест за потребата од соодветно  одложување на отпадот.

Во оваа прва фаза покрај општините и нивните комунални претпријатија, активно се вклучени Дирекцијата за заштита и спасување, Македонија Пат и Македонски Шуми, колективните постапувачи со отпад и локалната бизнис заедница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.