Ќе се ексхумираат останките на Дали поради утвдување татковство

AFP/EPA/REPORTERS ASSOCIES/Gamma-Rapho via Getty Images

Шпанското правосудство објави дека наредило ексхумација на посмртните останки на славниот сликар Салвадор Дали, речиси три децении по неговата смрт, за да се провери барањето за утврдување на татковство кое го поднела 61-годишна жена којашто тврди дека е негова ќерка.

Пилар Абел од Каталонија со години се обидува да добие правна потврда дека славниот уметник е нејзин биолошки татко.

Салвадор Дали е погребан во 1989 година во местото Фигуерас, каде што е и роден во 1904 година.

Доколку се утврди татковството, гатачката Пилар Абел би била единствената ќерка на Дали. Ексхумацијата е одредена бидејќи не постојат други биолошки останки коишто би овозможиле да се изведе тестот за татковство.

Пилар Абел тврди дека е родена по тајната врска во 1955 година, меѓу славниот надреалистички уметник и нејзната мајка која во текот на летата во 1950-те години работела како домашна помошничка во близина на домот на Дали.

Нејзината мајка, којашто била вљубена во Дали, тајната ѝ ја доверла пред да ја зафати старечката деменција, тврди Абел.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.