сабота, 26 ноември 2016  |  Вести денес: 19

Ќе се формира Национален центар за кардиоваскуларни заболувања

Идејата е овој центар да функционира како координативно тело и тело кое ќе предлага креирање на политики во овој сегмент на здравствената заштита.

images-1

Последни вести

Паралелно со овие инвестициите за реновирање на Универзитетската клиника за кардиологија и формирањето на хибридна сала, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денес најави и формирање на Национален центар за кардиоваскуларни заболувања, а со цел унапредување на превентивната здравствена заштита во делот на кардиоваскуларните заболувања.

 Инаку, на Клиниката за државна кардиохирургија за две години се извршени околу 450 интервенции, од кои поголем дел се интервенции на отворено срце, така што, истакна Груевски, Клиниката е пример за установа која одлично се развива.

-А со ваквите мерки ќе се постигне уште позначаен развој во негата и третманот на кардиолошките заболувања. Сите овие проекти се фокусирани на унапредување на условите за третман на лицата со кардиоваскуларни заболувања, што секако ќе придонесе за спасување човечки животи, поуспешно излекување и поквалитетен третман на пациентите, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најчитани вести