четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 79

Ќе се гради балкански медицински наменски центар со седиште во Македонија

Mедицинскиот центар ќе се отвора во среда, а на отворањето ќе присуствуваат неговите колеги, Министрите за одбрана на Слованија, Србија и Босна. Како поддржувачи на проектот се јавуваат Норвешка и САД кои ќе имаат и нивни претставници на отворањето на центар

jolevski1-640x351

Последни вести

Во Македонија ќе се гради медицински наменски центар за потребите на целиот Балкан. Ова го соопшти министерот за одбрана, Зоран Јолевски кој гостуваше во информативниот дневник во 20 часот на ТВ Нова.

„Се работи за прва регионална организација со постојано седиште во Скопје. Членки на овој центар за непогоди се Словенија, Србија, Босна и Херцеговина Црна Гора, Албанија и Македонија. Тоа значи дека во случај на непогоди како пожари, земјотреси, поплави ќе се координира одговорот на овие земји, односно медициските сили ќе се распоредат на соодветни локации. Преку овој т.н. штаб ќе се координира која земја со што може да придонесе“, истакна Јолевски.

Тој додаде дека медицинскиот центар ќе се отвора во среда, а на отворањето ќе присуствуваат неговите колеги, Министрите за одбрана на Слованија, Србија и Босна. Како поддржувачи на проектот се јавуваат Норвешка и САД кои ќе имаат и нивни претставници на отворањето на центарот.

„Иницијативата е проект на НАТО. Целта е наместо земјите посебно да инвестираат во вакви капацитети, да се направи една организација на Балканот што ќе даде одговор на широк спектар на ситуации како природни катастрофи и меѓународни операции“, дообјасни Јолевски.

Најчитани вести