среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Ќе се гради детска градинка во Зрновци

Gradinka_1

Последни вести

Општина Зрновци и Минитерството за труд и социјална политика потпишаа договор за изградба на нова детска градинка во ова населено место. Градинката ќе биде од особена важност сза жителите на оваа општина бидејќи ваков објект во општината нема, а најодалечениот е десетина километри во Кочани.

– Со Министерството за  труд и социјална политика потпишавме договор за изградба на нова детска градинка во Зрновци. Финансиските средства се обезбедени од МСИП грантот од ИПАР програмата на ЕУ во вкупна вредност од 230 илјади евра.  Градинката ќе биде лоцирана на влезот во Зновци на површина од 400 метри квадратни и ќе биде со капацитет од 80 до 100 деца, изјави градоначалникот Блаже Станков.

Според договорот, истакна Станков, Министерството за труд и социјална политика се обврза целосно да ја опреми градинката со потребните реквизити и опрема за нормален престој на децата.

Изградбата на новата детска градинка во Зрновци се најавува за месец септември оваа година.

Градоначалникот Станков информираше и за добиените проекти за регулација на Зрновска река, втора фаза и асфалтирање на крак од улиците „Скопса“ и „Генерал Апостолски“ во вкупна вредност од 200 илјади евра, средства добиени од канцеларијата на МСИП од ИПАР програмата на ЕУ.

Најчитани вести