недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 21

Ќе се гради фабрика за производство на пелети и брикети, печки и грејни тела

Во фабрика првично пелетите ќе се прават од земјоделски отпад и суровина.

download

Последни вести

ЈП Македонски Шуми и HOLZ-Consulting s.r.o. Slovakia денеска потпишаа меморандум за соработка.

Станува збор за нова инвестиција во изградба на Фабрика за производство на дрвени пелети и брикети за извоз и мал дел за домашен пазар како и производство на печки и грејни тела на пелети.

Македонски шуми се обврзува да и обезбеди на компанијата услови за градење на фабрика, а планираната инвестиција е во висина од 10 милиони евра и 500 вработувања во прва фаза.

peleti

Во фабрика првично пелетите ќе се прават од земјоделски отпад и суровина.

-Оваа година започнуваме со процес на реформи во рамки на производството на Македонски шуми и ориентирање кон производство на пелети и брикети, односно користење на био маса во процесот на создавање на топлотна енергија. Со нас денеска се присутни претставниците од Словачка од фирмата HOLZ-Consulting која со потпишувањето на овој меморандум  изразува и волја и цврста желба за соработка во полето на произведување на пелети во Македоија, изјави при потпишувањето директорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџовски.

Тој потенцираша дека со потпишување на овој договор Македонски шуми се обврзува да им обезбеди потребна суровина како и секоја потребна логистичка потреба во рамките на отпочнување на процес на изградба на фабриката која ќе произведува пелети.

-Станува збор првично за пелети кои ќе се користат примарно од шумскиот и земјоделскиот отпад, а досега целиот тој отпат никаде не се користеше. Дополнително компанијата покрај тоа што ќе произведува пелети, ќе има и своја лична дистрибутивна мрежа каде што на корисниците на пелети ќе им бидат доставувани пелетите до дома, што е пракса во сите држави кои користат пелети како извор на енергенс, односно за загревање. Засега се селектирани две локации каде што е планирано производството на оваа фабрика и едно од најважните работи е таа да биде во близина на коридорот 10 и блиску до железница, тоа е важно бидејќи суровината треба да биде дистрибуирана од САД и Украина и ова производство се очекува да биде два пати поголемо од она што сега се произведува и би требало да има количини за да ги задоволи потребите на сите граѓани во Македонија, вели заменик министер за економија Христијан Делев.

Со ова изградба на фабриката Македонски шуми очекува да ја зголеми потрошувачката на продажба на пелети, а да ја намали продажбата на огревно дрво се со цел да се постигне двоен ефект, заштита на животната средина средина, а од друга страна да се обогати шумскиот фонт.

Најчитани вести