Ќе се гради нов училишен објект на „Кочо Рацин“

Наместо да се реновира, ќе се гради целосно нов училишен објект за средното училиште „Кочо Рацин“ во општина Ѓорче Петров.

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски денес говореше на состанокот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и градоначалниците каде се разгледуваше текот на ветените проекти од терен.

Како што беше договорено, екипа на Министерството за образование и наука беше на лице место. Тој објект не може да се санира. Таму треба да се гради нов училишен објект. Соодветно на договореното, сега ќе се направат првични согледувања, во 2017-та ќе се распише тендер за изработка на проект и по новиот проект би се објавил тендер за градба некаде во 2017-та година за ново средно училиште „Кочи Рацин“, рече Ристовски.