понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 62

Ќе се испитува квалитетот на земјоделското земјиште во поплавените подрачја

Формирани се тимовите и ќе почнат да работат, за да кажат дали земјиштето е со нарушен квалитет, дали е во добра состојба и дали може да се продолжи со обработка на земјоделското земјиште со садење на култури.

emil-dimitriev-1-640x363

Поврзани вести

Од ваша страна беше предложено Владата да формира тимови од експерти од земјоделството и да се испита квалитетот на земјиштето. Сакам да ве информирам дека Владата го прифати тоа ваше барање, формирани се тимовите и ќе почнат да работат, за да кажат дали земјиштето е со нарушен квалитет, дали е во добра состојба и дали може да се продолжи со обработка на земјоделското земјиште со садење на култури.

Ова го истакна премиерот Емил Димитриев, при денешната посета на населеното место Смилковци за да се запознае со начинот на кој се справуваат институциите и жителите со последиците од поплавите.

-Денеска веќе беше земен еден примерок, граѓаните го информираа премиерот Димитриев.

Испитување на почвата, освен во Смилковци, ќе се прави и секаде каде што има потреба.

Најчитани вести