Ќе се исполни долгогодишното барање – Ќе се санира патот Македонски Брод- Скопје (ВИДЕО)

Долгогодишното барање на граѓаните на Македонски Брод ќе се исполни. Имено жителите на ова населено место при посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во јули побараа санација на патот Македоински Брод- Скопје.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски на денешниот работен состанок изјави дека обезбедени се средства за исполнување на ова барање кое е од голема важност за жителите.

Едно од долгогодишните барања на граѓаните за санација на патот Македонски-брод-Скопје, како барање е прифатено, министерот за транспорт и врски ме информираше дека ќе се оди со асфалтирање на најоштетениот дел од патот, рече Груевски.

Мисајловски изјави дека тие ја завршиле цела процедура, ги обезбедиле средствата и за десеттина дена го распишуват тендерот за градба.

Ние им ветивме таму на граѓаните дека ќе разгледаме, односно не ветивме, туку рековме дека ќе пробаме да изненадиме. Околу 3 милиони евра ќе чини овој потег, околу 16 километри, тие побараа овој дел веднаш да го почнеме, ние тоа и го правиме, рече Мисајловски.

Жителите на Македонски Брод ова го побараа од Груевски и Мисајловски при посетата кон крајот на месец јули.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.