Ќе се исполни уште едно барање на граѓаните: Волково ќе добие детска градинка

Се исполнува уште едно ветување што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го даде пред граѓаните за време на неговите теренски посети. При посетата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Волково, граѓаните побараа изградба на градинка во селото.

Тој денес побара одговор од министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, на состанокот кафе се разгледуваа барањата на граѓаните.

Се обидовме да го земеме во владение или на користење објектот кој беше во полусопственост на Македонски Пошти, пола на Македонски Телеком, меѓутоа во еден дел од објектот во Волково се отвори пошта и немаме можност да го добиеме останатиот дел од објектот. Затоа се договоривме  да најдеме локација која е во државна сопственост. Како што ме информираше градоначалникот најдена е локацијата. Следна фаза е општината треба оваа недела да достави информација за да земеме корисничко право на локацијата. Потоа МТСП ќе ја проектира градинката и планирано е во 2017-та година да ја реализираме. Она што го ветивме ќе го направиме, истакна министерот Спасов.

Груевски праша кога ќе започне градба на оваа градинка, при што Спасов му одговори дека тоа ќе се случи на почетокот на следната година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.