сабота, 3 декември 2016  |  Вести денес: 1

Ќе се менува целиот мебел во сите студенстки домови

Се очекува на 14 ноември да има јавно отворање на понудите и потоа согласно законските процедури да се избере фирма – изведувач и да се започне со процесот на изработка и промена на мебелот во студентските домови. Нешто што на студентите им е потребно во Република Македонија, кое им го должи секоја Влада. Со тоа ќе се подобри студентскиот стандарт и живот на студентите, што за нас е врвен приоритет, изјави Спиро Ристовски.

bitola-sobir-640x480

Последни вести

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, при вчерашното пуштање во употреба на нова спортска сала во Кривогаштани, одговарајќи на новинарско прашање посочи дека во тек е тендерот за набавка на мебел за десетте државни студентски домови.

-Набавката на мебел во студентските домови беше ветување кое не беше дел од програмата, но ние одлучивме да извршиме комплетната промена на целиот мебел во сите студентски домови во Република Македонија. Објавен е тендерот, проценетата вредност е околу 100 милиони денари. Врз основа на законските рокови се очекува на 14 ноември да има јавно отворање на понудите и потоа согласно законските процедури да се избере фирма – изведувач и да се започне со процесот на изработка и промена на мебелот во студентските домови. Нешто што на студентите им е потребно  во Република Македонија, кое им го должи секоја Влада. Со тоа ќе се подобри студентскиот стандарт и живот на студентите,  што за нас е врвен приоритет, изјави Спиро Ристовски.

Инаку отворањето на понудите е на 14 ноември и по изборот на најповолната понуда и склучувањето на договорот ќе започне дистрибуцијата на новиот мебел, на почетококт на следната 2017 година, со што ќе се оствари уште едно ветување кон студентите.

spiro

Во насока на унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард Ристовски дополнително информираше преку социјалните мрежи дека со средства од Министерството за образование и наука е извршена реконструкција на ученичкиот дом во Старо Нагоричане, со што учениците кои ги користат неговите услуги, сега имаат значително подобрени услови за сместување и престој.

 

Најчитани вести