Ќе се оддржи конференција за методи за мониторинг на финансирањето политички партии

На конференцијата најавени се обраќања на министерот за правда Валдет Џафери, амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, главната ревизорка на Република Македонија Тања Таневска и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Игор Тантуровски.

Експерти од Полска и од Македонија ќе претстават различни аспекти во спречувањето можни коруптивни дејства во финансирањето на партиите и изборните кампањи.