Ќе се основа државно „Водостопанство“, објавен оглас за извршен директор

Ќе се основа државно „Водостопанство“, објавен оглас за извршен директор
Ќе се основа државно „Водостопанство“, објавен оглас за извршен директор

Владата вчера распиша оглас за избор на главен извршен директор на Акционерско друштво „Водостопанство“ на Република Македонија.

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски денес истакна дека донесена е одлука за основање и функционирање на АД „Водостопанство“на Република Македонија кое ќе има клучна задача во делот на спроведување на структурните реформи и програмата на Владата 2015-2025, како и инвестиции на водостопанството.

Ги охрабруваме сите оние кои вруваат во сопствените капацотети, кои имаат одлични организациски способности, се способни да работат тимски и се подготвени  за целосно да се посветат на оваа задача и да вложат силен ангажман и да се соочат со овие предизици, да аплицираат на овој оглас кој трае до 31 август кој има за цел да отвори можност за што поголем број кандидати кои имаат искуство во областа од градежништвото, финансиите, земјоделството или правото, истакна денес Костадиновски.

Клучните задачи на извршниот директор ќе бидат да ја организира и да раководи со работата на АД, да предлага работа и програма, да ги извршува одлуките на Собранието на друштвото и да се грижи за нивното спроведување.

Костадиновски информираше дека со самиот старт на работата на АД „Водостопанство“, водостопанските претријатија кои постојат и водните заедници кои се уште се актуелни, ќе бидат затворени. Целата инфраструктура што е во нивна сопственост ќе премине во целосна надлежност на АД „Водостопанство“ на Република Македонија.

Водостопанските претпријатија, пак,  кои имаа за цел да менаџираат со хидросистемите и водостопанската инфраструктура, како каналите за наводнување и одводнување, ќе функционираат како подружници и секој раководител ќе има обврска во делот на регионот за кој е надлежен да доставува програма и да изврши добро планирање.