Ќе се отвара полигон за параглајдерство во Долнени

На настанот ќе се обрати претседателката на Локалната акциона група Агро Лидер, Даниела Цветаноска, градоначалникот на оштина Долнени, Боше Милошески, претставници на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кој го финансираше опремувањето на теренот, а ќе бидат присутни и странски новинари од најголемото списание за параглајдерство на германски јазик, Термик.

Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Швајцарската влада, до сега има опремено 4 терени за параглајдерство со метео станици, јарболи за ветер, патокази и информативни табли. Во Крушево, Проектот донираше и вештачка трева за да го модернизира теренот за Европските шампионати во параглајдерство и змајарство кои се одржаа во јули и август оваа година,

ЛАГ Агро Лидер е една од 10-те локални акциони групи регистрирани во Пелагонискиот, Полошкиот, Североисточниот и Вардарскиот регион како дел од подготовките за воведувањето на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот во Република Македонија. ЛАГ Агро Лидер работи на територијата на општините Долнени, Крушево и Кривогаштани, а е составен од членови од јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.