Ќе се отвора нов државен универзитет во Скопје

Ќе се отвора нов државен универзитет во Скопје
Ќе се отвора нов државен универзитет во Скопје
Премиерот Никола Груевски денес најави отворање на нов државен универзитет „Мајка Тереза“ кој што ќе работи на три јазици и тоа на македонски, албански и англиски.

Универзитетот „Мајка Тереза“ ќе има 14 студиски програми и тоа за прв и втор циклус на студии, а предвидено е да започне да функционира од следната академска година.

-Денеска донесовме одлука да се отвори уште еден универзитет во Скопје кој ќе се вика „Мајка Тереза“ . Исиот ќе биде на три јазици, македонски, албански и на англиски јазик и ќе има сериозна интернационална димензија бидејќи ќе има и професори и студенти и Македонци и Албанци но и странци, изјави Груевски.

Премиерот истакна дека овој универзитет покрај интернационалноста и мутинационалноста ќе внесе еден нов квалитет во високото образование во Македонија.

Универзитетот ќе има 5 единици и тоа: факултет за градежништво и архитектура, факултет за технички науки и технолошки науки , факултет за информатички и факултет за социјални науки.

Министерството за образование и наука исто така предвидува  да објави тендер за главен објект за новиот универзитет кој ќе биде лоциран во поранешната касарна Илинден.