четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 49

Ќе се подигне споменик на војводата Турунџев во Битола

Споменикот ќе биде поставен во центарот на кружниот тек кој ќе се гради на улиците „Прилепска“ и „Баталјон Стив Наумов“ во непосредна близина на битолски Ат-пазар, местото каде војводата Турунџев во 1905 година од тогашните власти бил осуден на смрт со јавно бесење.

Ќе се подигне споменик на војводата Турунџев во Битола

Ќе се подигне споменик на војводата Турунџев во Битола

Последни вести

Општина Битола објави јавен повик за архитектонско-урбанистичко и скулпторско идејно решение за подигнување споменик на војводата Александар Турунџев.

Споменикот ќе биде поставен во центарот на кружниот тек кој ќе се гради на улиците „Прилепска“ и „Баталјон Стив Наумов“ во непосредна близина на битолски Ат-пазар, местото каде војводата Турунџев во 1905 година од тогашните власти бил осуден на смрт со јавно бесење.

– На објавениот конкурс може да се пријават и учествуваат правни и физички лица од државата и странство. Пресметковната вредност на спомен-обележјето не може да биде поголема од 1,5 милиони денари, а по завршувањето на јавниот повик, одборот за подигнување на спомен-обележје ќе додели три парични награди од 30.000, 20.000 и 10.000 денари, соопшти Општина Битола.

Советот на Општината ја донесе одлуката за поставување спомен-обележје на војводата Александар Турунџев, член на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.

Најчитани вести