Ќе се расчистува дивата депонија во Арачиново

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Арачиново Брахим Ајвази денес направија увид на состојбата со дивата депонија која се наоѓа на самиот излез од населеното место.

Проблемот со оваа депонија повторно се актуализира во последниве денови поради постојаното полнење на депонијата предизвикано од нелегалното и неконтролираното фрлање на комуналниот отпад од страна на жителите на Арачиново и од проблемите со кои се соочува општината и комуналното претпријатије за чистење на отпадот.

Министерот Изаири информираше дека проблемот со депонијата во Арачиново ќе биде решен интегрирано и со воспоставување на регионалната депонија во Скопскиот регион, за што се обезбедени средства од европските ИПА фондови.

Според него, постапката за изградба на регионална депонија во Североисточниот плански регион  е во многу понапредна фаза што подразбира и набавка на соодветна механизација. Министерот најави можност истата, интервентно да се искористи и за решавање на проблемот во Арачиново.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.