Ќе се реконструира Домот на култура во село Драчево

Ќе се реконструира Домот на култура во село Драчево

Во просториите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ ги подигна решенијата за одобрена финансиска поддршка од оваа институција.

Со овие решенија, ќе бидат реализирани два проекта за кои аплицираше општина Кисела Вода, преку Секторот за локален економски развој.

Првиот проект ќе овозможи реконструкција на Домот на култура во селото Драчево, преку мерката 321, подобрување на квалитетот на животот во рурални средини, врз основа на Програмата за финансиска поддршка на рурлниот развој за 2015 година. За него се одобрени финансиски средства во висина од 16.885.447 денари, без ДДВ.

Изработка на ДУП-ови за Драчево и Усје

Изработка на ДУП-ови за Драчево и Усје
Изработка на ДУП-ови за Драчево и Усје

Вториот проект предвидува изработка на Детални Урбанистички Планови во селата Драчево и Усје. Истиот ќе се реализира преку мерката 322, Обнова и развој на селата, врз основа на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2015 година. Финансиската поддршка е во висина од 16.940000 денари.

И за двата проекта, данокот на додадена вредност е обврска на општината.

Општина Кисела Вода веднаш ќе започне со спроведување на постапка за јавна набавка за избор на најповолен понудувач за реализација на овие два проекта со цел развој на општината и создавање на подобри услови на сите свои жители.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.