Ќе се реконструира спортската сала во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ во Кисела Вода

Груевски најави изградба на современа спортска сала во Охрид

Градоначалникот на општина Кисела Вода и Постојаниот претставник на УНДП во Македонија, денес потпишаа нов Договор за соработка за заедничко инвестирање во креирање на мерки за енергетска ефикасност на локално ниво.

Какјо што информираат од општината, овој Договор, по распишувањето на тендерот и изборот на најповолен понудувач,  ќе овозможи рекoнструкција на спортската сала на ООУ “ Невена Георгиева Дуња “.

Кровот на оваа сала ќе биде заменет со нов, а енергетски ќе бидат обновени и надворешните ѕидови и фасадната столарија. Ова пак значи дека учениците од ООУ Невена Георгиева Дуња освен што наставата ќе ја следат во сосема ново училиште, чија изградба е во полн ек, и часовите по физичко воспитување ќе ги одржуваат во современи услови. Oвa е веќе четврт заеднички проект на општина Кисела Вода и УНДП.

Во изминатиот период како резултат на заедничката соработка во ПОУ “Кузман Јосифовски Питу” беше заменет системот за греење со енергетски ефикасен, а беше променет и кровот, фасадата  и надворешната столарија. Во градинките Пеперутка 1 и Пеперутка 2  во населбата Драчево беше заменет котелот за греење со котел кој загрева со биомаса, a во ООУ “Круме Кепески” целосно беше променета кровната конструкција на објектот. Исто така, во соработка со УНДП преку мерката општинско-корисна работа, општина Кисела Вода обучи и ангажираше дефектолози, логопеди и негуватели во основните училишта и јавните детски градинки.