Ќе се реконструира студентскиот дом „Гоце Делчев“

Објавен е тендерот со кој се бара градежна компанија која ќе се зафати со реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Повикот е отворен до 19 мај, а според проценкитe на Владата зафатот треба да чини нешто повеќе од еден милион евра без ДДВ.

Во просториите на домот кој е изграден во периодот на седумдесетите години можат да се сместат над 1.200 студенти, а сега е преземен конкретен чекор за негова реконструкција.