недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Ќе се реконструира водоводната мрежа во село Долно Лисиче

Реконструкцијата на улицата „1“ опфаќа замена на водоводната мрежа во должина од 1.450 метри, како и секундарни приклучоци во должина од 3.210 метри

vodovod

Последни вести

Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Аеродром распиша јавен повик за избор на градежна фирма за реконструкција на водоводната мрежа во селото Долно Лисиче.

Реконструкцијата на улицата „1“ опфаќа замена на водоводната мрежа во должина од 1.450 метри, како и секундарни приклучоци во должина од 3.210 метри.

Се проценува дека инвестицијата ќе чини 22,6 милиони денари од кои 13,7 милиони денари се обезбедени од буџетот на Министерството за транспорт и врски, а 8,9 милиони денари од општината.

Реконструкцијата на водоводната мрежа во Долно Лисиче е дел од проектот на Владата за водоснабдување и одведување на отпадни води што Министерството за транспорт и врски го реализира во соработка со Европската инвестициска банка низ сите 84 општини во државата.

Во рамки на овој проект во тек на реализација се 23 проекти во 20 општини, инвестиција вредна 7,1 милион евра, а до сега реализирани се 42 проекти во 37 општини, инвестиција вредна 12,4 милиони евра.

Најчитани вести