Македонија

Ќе се реконструираат три улици во Лисиче

Ќе се реконструираат три улици во Лисиче

Имено, станува збор за улиците „Ѓуро Малешевац“ со должина од 200 метри, „Зборски“ чија должина изнесува 110 метри и улицата „Дете Татуличе“ која е долга 170 метри.

Реконструкцијата ќе опфати асфалтирање на коловозот на улиците со широчина од 3,5 метри, како и изградба на тротоари широки по 1,10 метри од двете страни на улиците.

ulica-opstina-aerodrom2

Реконструкцијата ќе чини околу 5,5 милиони денари со средства од Буџетот на Општина Аеродром.

Со реконструкцијата на трите улици, Општина Аеродром продолжува со предвидената динамика да ги обновува постојните улици, како и да гради нови на својата територија, со цел подобрување на условите за живеење.