Ќе се санира патната мрежа во Добри Дол

Ќе се санира патната мрежа во Добри Дол
Ќе се санира патната мрежа во Добри Дол

При посетата на  општина Сопиште, премиерот Никола Груевски го посети и населеното место Добри Дол.

На средбата со премиерот, жителите побараа санација на улиците и патот, за што градоначалникот на Сопиште посочи дека за 12 дена ќе се изврши санација на патната мрежа во Добри Дол.

Исто така, беше посочен и проблем со водоводната мрежа, за што од ЈП Водовод на Град Скопје посочија дека ќе биде надминат проблемот, во фаза е тендерска постапка по што ќе биде интервенирано и ќе биде надминат проблемот најдоцна до ноември.

Премиерот Груевски го посети и училишното игралиште во Добри Дол кое се гради со средства на општината и со што учениците ке добијат нова спортска содржина.

Жителите на Чифли, пак, упатија благодарност до градоначалникот на Сопиште за ангажманот околу надминување на проблемот со водоснабдувањето.

На барање на граѓаните беше посочено дека во март-април ќе почне реконструкција и проширување на патот со кој се поврзуваат Чифлик, Ракотинци и Сопиште со Кисела вода. Патот е со должина од 12 километри, а неговата реконструкција ќе заврши за три месеци откако ќе се започне со работа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.