понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 41

Ќе се снима филм за Влада Дивљан

vlada

Последни вести

Белградската продуцентска куќа „Стархил“ подготвува снимање на долгометражен документарен филм „Небото над Белград“ за животот и работата на Влада Дивљан.

Дивљан беше член и еден од основачите на легендарната белградска група „Идоли“, соло изведувач, основач и фронтмен на „Old stars Band“, кантавтор, композитор на филмска и експериментална музка, музика за театар и за деца.

Сценаристот и режисер на идниот проект е Младен Матичевиќ кој зад себе има повеќе од 20 документарни филмови, меѓу кои и наградените „Како да се стане херој“, „Run For Life“ и „Мојата професија“ за Арсен Дедиќ.

– „Небото над Белград“ ќе биде филм во чест на еден од најголемите херои на мојата младост, изјави Матичевиќ.

Тој нагласи дека Влада Дивљан беше симбол на Белград, „еден од оние момчиња на кои им се восхитувавме и бевме горди поради фактот дека сме од овој град“.

Снимањето на филмот почнува во април следната година, а премиерата се планира на есен 2016 година.

Најчитани вести