петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 0

Ќе се создава „германски ислам“?

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле повика на создавање на „германски ислам“, кој ќе се заснова на принципите на толеранција и на европскиот либерализам и ќе служи како средство за интеграција на повеќе милиони бегалци во европското општество. 

German Finance Minister Wolfgang Schaeuble gives a press conference on March 21, 2012 in Berlin. The German cabinet had approved before a bigger-than-expected budget deficit for the current year 2012 to take into account the country's increased contribution to a eurozone rescue fund.     AFP PHOTO / JOHN MACDOUGALL

Последни вести

– Приливот на мигранти за време на изминатите години ги принуди Германците да ги преразгледаат нивните општествени приоритети, истакна Шојбле.

Министерот побара од неговите сограѓани да увидат што е важно за нив и како сакаат да живеат во општество кое треба да интегрира милиони бегалци.

Потсетувајќи на тажните случаи на сексуални злосторства во Германија и терористичките напади кои ги извршија бегалци, Шојбле побара германските либерални вредности да победат во „овие тешки времиња“.

– Без никаков соменеж, зголемениот број на муслимани во нашата земја денес е предизвик за отворено мислење на германското општество. Не треба да дозволиме во ваква напната ситуација да се појави атмосфера во која добро интегрираните луѓе во Германија ќе се чувствуваат како странци, наведе Шојбле.

Тој, истовремено, ги отфрли ксенофобичните напади врз миграциските центри и раширеното антимиграциско расположение во Германија.

Шојбле вели дека, и покрај растот на ксенофобијата, поголемиот број Германци би рекле: „Да, ние ве сакаме вас (мигрантите) меѓу нас“.

Најчитани вести