Ќе се спроведе попис на трговски и угостителски капацитети

попис

Од Државниот завод за статистика информираат дека податоците што се прибираат се од огромно значење за согледување на состојбите во овие дејности и за планирање на идните развојни активности на деловните субјекти и затоа потсетуваат на законската обврска на сите учесници во пописите за давање на точни и целосни податоци што се бараат со пописните обрасци.

Додаваат дека статистичка операција е самостојна и независна активност и не е поврзана со активности на други државни органи.