вторник, 6 декември 2016  |  Вести денес: 0

Ќе се урива родната куќа на Хитлер

Родната куќа на Адолф Хитлер во Северна Австрија ќе биде урната, за да се ослободи место за нова зграда и да се стави крај на повеќегодишната судска битка за објектот, изјави денеска австрискиот министер за внатрешни работи Волфганг Соботка за весникот „Пресе“.

куќа

Поврзани вести

Тој наведе дека новата зграда најверојатно ќе биде користена од хуманитарни организации или од администрацијата.

– Така ќе се гарантира дека местото, што претходно беше користено за неонацистички поклоненија, повеќе нема да се поврзува со Хитлер, наведе Соботка.

Во јули австриската Влада нареди куќата во градот Браунау на Ин да им се одземе на сопствениците, откако специјална комисија заклучи дела таа „нема вредност на споменик“. За да се конфискува куќата беше применет специјален закон. ДО 1965 година во трикатната зграда од 17 век имаше библиотека, а потоа банка и училиште. Од 1977 до 2011 година во објектот беа сместени работилници и засолниште за социјално ранливи лица.

Најчитани вести