Ќе се жени актерот Андрија Милошевиќ

Шармантниот Црногорец, актерот Андрија Милошевиќ во октомври конечно ќе го каже судбоносното „да“, а негова Анѓелка во вистинскот живот и животна партнерка ќе биде колешката Сандра Томиќ, со која веќе неколку години е во врска.

Andrija-Milosevic-360x240Во неколку наврати двајцата изјавувале дека за нив формалниот брак не преставува ништо и дека во врската се чувствуваат како веќе да биле пред матичар.

Но летово се предомислија, па за два месеца навистина ќе се венчаат и ќе направат свадба во Белград за своите најблиски роднини и приајтели. Близок пријател на идните младенци посочил дека тие двајца од својата венчавка сигурно нема да прават циркус со 300 гости и уште толку медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.