понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 33

Ќе се зголемува капитацијата и кај матичните лекари

Матичните лекари ќе добијат 10 % зголемување за поквалитетна грижа за здравјето на пациентите.

Ќе се зголемува капитацијата и кај матичните лекари

Ќе се зголемува капитацијата и кај матичните лекари

Последни вести

По стоматолозите, капитациониот бод ќе се зголеми и кај матичните лекари. Наместо 50 денари од 1јули 2016 година капитацијата ќе биде зголемена на 55 денари. Матичните лекари ќе добијат 10 % зголемување за поквалитетна грижа за здравјето на пациентите.

Министерот за здравство Никола Тодоров истакна дека станува збор за рационално користење на средствата во здравствениот систем, оваа година буџетот на Фондот се зголемил за 22 милиони евра и средствата ќе бидат потрошени за пациентите и лекарите.

-Последното покачување на капитацијата беше во 2011 година. Со ова покачување ќе бидат опфатени 1085 приватни здравствени установи со вкупно 1527 тимови. Вкупно со вчерашното и денешното покачување на капитацијата на стоматолозите и на матичните лекари се опфатени над 2800 лекари, рече министерот.

Додаде дека откако е формирана мрежата на здравствени установи доделени се вкупно 245 нови лиценци за општа медицина и дополнително 344 места во мрежата се слободни.

-Во насока на подобрување на статусот на матичните лекари по општа медицина со најновите измени на законот за здравствена заштита кои што се во собраниска процедура се овозможува новоизбраниот лекар да може самостојно да укажува здравствена заштита без учество на медицинска сестра додека да достигне бројка до 700 матични пациенти, но не подолго до 18 месеци. На овој начин правиме сериозно олеснување на младите лекари да можат да почнат како матични лекари и да се самовработат, рече Тодоров.

Директорот на ФЗОМ, Сашо Стефановски истакна дека ФЗОМ постојано ги следи услугите и го унапредува начинот на функционирање на примарната здравствена заштита со тенденција на долг рок да обезбеди поквалитетна услуга, односно подобра превентивна здравствена заштита и навремена дијагностика за подобро здравје за сите осигуреници.

-Фондот за здравствено осигурување издвојува значителни средства за дејноста општа медицина и за тоа во буџетот за 2015 беа предвидени и ќе бидат исплатени 1 милијарда и 870 милиони денари. Зголемувањето од 5 денари по капитационен поен за Фондот има дополнителна фискална импликација од изнесува 188 милиони денари годишно, истакна Стефановски.

Орхан Рамадани директор на ФЗОМ истакна дека бенефитот од оваа мерка ќе го почувствуваат 1527 тимови на матични лекари кои што работат во 1085 ординации со кои Фондот има склучено договор во 2015 година.

-Оваа мерка ќе значи и подобрување на состојбата во примарната здравствена заштита која ќе се рефлектира и на нашите 1,768.939 осигуреници кои имаат избрано матичен лекар и оваа бројка бележи континуиран пораст од година во година. Во просек секој матичен лекар има 1159 пациенти за кои Фондот исплаќа 104.367 денари, рече Рамадани.

 

Најчитани вести