недела, 20 август 2017  |  Вести денес: 47

Ќе си поднесе ли Таки Фити оставка во МАНУ до расчистување на скандалот на Економски?

taki-fiti

Поврзани вести

Ќе остане ли академикот Таки Фити на чело на МАНУ или ќе си поднесе оставка до расчистувањето на мега скандалот на Економскиот факултет во кој според информациите објавени во медиумите и самиот е вмешан?

Ова е едно од клучните прашања по спроведувањето на акцијата Еразмус во која 6 професори, еден асистент и сопственикот на студентското бифе се сомничат за серија коруптивни активности меѓу кои давање и примање поткуп, незаконско посредување и злоупотреба на службената положба.

Извори од истрагата за Press24 откриваат дека академикот Фити ги пречекорил границите на своите службени овластувања како професор на Економскиот факултет кога по барање и влијание на друг професор извршил службено дејствие кое не смеел да го изврши, спротивно на Правилникот за условите критериумите и правилата за запишување и студирање на прв и втор циклус универзитетски студии од септември 2013 година на Универзитетскиот сенат на Универзитетот на Св. Кирил и Методиј на начин што во индексот на студент по предметот „Основи на економија“ му напишал оценка 6 со која го положил испитот иако на денот на полагање, воопшто не го прикажал потребното знаење.

Најчитани вести