Ке сведочи ли Сачевалиев за митото побарано од Заев?

Струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев денеска треба да сведочи против премиерот Зоран Заев во предметот „Поткуп“, откако не се појави на претходното рочиште.

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица барал поткуп од околу 160.000 евра од  Сачевалиев за легализација на градежно земјиште.

Бизнисменот треба  денеска да даде исказ бидејќи  не присуствуваше на претходното рочиште, оти не бил уредно поканет. Предвидено е  да бидат прегледани и доказите и ЦД-та.

Заев на претходното рочиште на 6 март рече дека не се чувствува виновен и оти е убеден дека во судската постапката ќе се разобличи обвинението против него конструирано во периодот кога беше лидер на опозицијата. Заев рече и дека преку снимката која не била целосно прикажана во јавноста, ќе се докаже дека тој апсолутно немал намера да прими поткуп. Го замоли судот да овозможи пристап на јавноста во сите докази кои ќе бидат приложени на рочишата. Побара и што е можно побрзо да се закажуваат судските рочишта.

Обинителот, пак, го изнесе обвинението и рече дека ќе ја докаже вината на Заев. Судијата Дарко Тодоровски одлучи снимките прикажани на Јутуб да бидат прифатени како доказ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.