вторник, 23 мај 2017  |  Вести денес: 0

Кеба се скарал со синот на свадбата?!

keba

Поврзани вести

Драган Којиќ Кеба ја уништил свадбата на Северина и Игор. Свекорот не го испуштал микрофонот од раце, а гостите сметаат дека домаќинот малку претерал.

Фолкерот ја прекинувал гламурозната програма која младенците ја организирале, а на крајот и се скарал со синот пред бројните гости.

Некои од нив тврдат дека дури Игор му викал на Кеба затоа што цела вечер го држел микрофонот и се однесувал како водител н а програма.

-Седио овде и гледај, немој да ја расипуваш веселбата, му рекол во еден момент младоженецот на својот татко.

Извор кој инсистирал на анонимност вели дека во еден момент гостите се запрашале кој всушност се жени овде – Игор или неговиот татко?

Долгогодишната пријателка на Кеба, Злата Петровиќ признава дека нејзиниот колега бил шеф на парадата, но таа тврди дека неа ништо не и пречело.

-Кеба ја прекинал програмата која младенците ја организирале, но и подобро што го направи тоа. Тој почувствува дека недостигаат „народњаци“, без кои ниту една веселба во Србија не може да пројде. Не ми пречеше воопшто тоа што го направи. Кеба пееше, ме повика и мене, а сакаше и да ги испочитува и своите колеги, вели Злата.

Од друга страна Нада Топчагиќ вели дека неа Кеба не ја испочитувал.

-Кеба го зеде микрофонот и од него не можеше да се дојде на ред. Многумина сакаа да ја испеам „Утро е“, но тој не ми даде. Ми дојде да му речам: „Немој да давиш, човеку“. Требаше да ги пушти младенците да ја спроведат својата програма до крај, така би било подобро, признава Нада.

 

Најчитани вести