Кечијанг: Кина ќе ги почитува правилата на ЕУ за транспарентност

Кинескиот премиер Ли Кечијанг, изјави денеска во Софија изјави дека Кина ќе ги почитува правилата на ЕУ за транспарентност и јавни набавки и дека ќе ги развива деловните односи со централна и источна Европа.

Тој оцени дека успехот на регионот е важен за „отворена и просперитетна Европска Унија“.

Ние би сакале да видиме отворена и просперитетна ЕУ и интеграција ширум Европа, бидејќи тоа е во интерес на Европа и на Кина, рече Кечијанг на отворањето на седмиот Самит на „16 + 1“ земјите од централна и источна Европа и Кина, кој се одржува во Бугарија.

Кечијанг вети дека ќе работи на тоа Кина да купува повеќе земјоделски производи од централна и источна Европа, а ќе понуди индустриски производи во кои постои „конкурентна предност“, зашто тие се со висок квалитет и евтини.

Тој нагласи дека Кина ќе продолжи да ја промовира конкурентноста на отворање на нови фабрики во иницијативите на земјите-членки “16 + 1”, но и дека се подготвен да се отворат затоа што ова ќе и помогне на кинеската економија во наредните години.

Главни теми на Самитот “16 + 1” на кои ќе зборуваат кинескиот премиер Ли Кечијанг и државните претставници на 16 земји се дефинирани во четирите приоритетни области на економската соработка- висока технологија, заеднички вложувања во индустриско партнерство, инфраструктурата, земјоделството и туризмот.

На самитот учествуваат претставници на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Естонија, Унгарија, Латвија, Литванија, Македонија, Црна Гора, Полска, Романија, Словачка, Словенија и Србија.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг вчера рече дека Кина не сака да ја подели ЕУ и оти форматот „16+1“ не е политичка платфoрма.