Кедева: Во Чешка секој студент треба да се подлежи на финален државен испит

Дипломираниот правник по компаративно право во Чешка, Каролина Кедева смета дека примерот за државен испит кој е воведен во Чешка е соодветен за Македонија. Таа вели дека во оваа земја за гаранција на квалитетот на државни и приватни високообразовни институции гарантира Чешката Република, односно независна комисија која се нарекува акредитациона комисија и која функционира од 1990-та година, објави Сител.

-Законот предвидува дека еден од елементите за акредитација е и државниот испит. Тој се предвидува во Законот и наложува дека секој студент на приватен и државен универзитет треба да се подлежи на финален државен испит. Државниот испит се состои од полагање завршен дипломски труд или магистерска теза и дополнително на тоа одредени прашања кои се полагаат пред  Комисија што е интерно составена од самиот Универзитет, вели Кедева.

За легитимноста на акредитационата комисија гарантира Министерството, а таа е составена од 21 член за кои одговара директно Министерството.

Кедева смета дека примерот со Чешка е соодветен за нашата земја бидејќи се работи за многу слично поднебје.

-Не би имало проблем да се земе пример од една ваква земја за било каква иницијатива. Транспарентноста на државниот испит е несомнена во Чешка бидејќи во самата пракса на државниот испит се предвидува не само да има Комисија од факултет, но во одредени случаи вклучува административен кадар и студент кој ќе гарантира дека државниот испит ќе биде независен и транспарентен, додава Кедева.

Фото: Сител

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.