Балкан

Кефалонија повторно се тресе

Кефалонија повторно се тресе

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Јонското Море во близина на брегот на грчкиот остров Кефалонија, пренесе „ИТАР-ТАСС“, повикувајќи се на американскиот Геофизички институт.

Епицентарот на потресот е локализиран на 13 километри северозападно од градот Ликсури, на островот Кефалонија,
Нема информации за настрадани и причинета материјална штета.