Кеилор Навас е новиот голман на Баерн (М)

Потпретседателот на шпанскиот прволигаш Леванте, Томас Перез, откри дека репрезентативниот голман на Костарика, Кеилор Навас за 10 мил. евра ќе биде продаден на најтрофејниот клуб во германската Бундес лига, Баерн (М).

“Навас ќе брани за еден од најдобрите клубови во целиот свет и знам дека ќе ужива во новата авантура. Точно дека ќе има голема конкуренција кога е во прашање голманската позиција, за противник ќе го има репрезентативецот на Германија, Мануел Ноер. Среќни сме поради овој трансфер, среќни сме поради Навас. Заслужи да биде купен од еден толку голем клуб, заслужи таков трансфер. Навас е прекрасна лично, вистински професионалец. Имаше фантастична сезона и ние сме многу среќни што му помогнавме да го реализира големиот сон”, изјави потпретеседателот на Леванте.