Кеита го облече и дресот на Рома

Искусниот репрезентативец на Мали, Сеиду Кеита, во следните 365 дена ќе го носи дресот на италијанскиот калчолигаш Рома.

Фудбалерот на врска пристигна на “Олимпико” како слободен фудбалер, а во својата богата фудбалска кариера, Кеита го има носено дресот на Олимпик од Марсеј, Лориен, Расинг, Севилја, Барселона и Валенсија.

„Многу сум среќен, без размислување ја прифатив понудата на Рома, сакав да се испробам и во италијанската Серија А. Се надевам дека ќе бидам од корист, дека ќе има помогнам на моите нови соиграчи. Рома има голема амбиција кога е во прашање новата клупска сезона. Ја сакаме шампионската титула, сакаме да постигнеме голем резултат и во Лигата на шампиони”, изјави 34-годишниот играч за врска.