Кеита објасни зошто Пепе го гаѓал со шише со вода

Летната аквизиција на италијанскиот калчолигаш Рома, Сеиду Кеира, ја откри вистинската причина поради која одбил да се поздрави со централниот дефанзивец на Реал (М), Пепе.

Пред стартот на натпреварот од 2. коло од Интернационалниот Гинис Куп во САД, интернационалец од Мали прво не се поздрави со фудбалерот на Реал (М), а потоа го гаѓаше и со шише со вода.

“На натпреварот помеѓу Барселона и Реал (М), одигран во 2011 година, Пепе ме нарече мајмун. Јас никогаш јавно не го коментирав тој инцидент, немаше потреба од такво нешто. Поради тој коментар, поради таа навреда, јас не се поздравив со Пепе. За мене, таквите коментари се неприфатливи, нечовечки. Зошто да му пружам рака на еден таков човек. Во неговите очи јас не сум човечко суштество. Не сакам да разговарам со луѓе кои така размислуваат, изјави фудбалерот на Рома.