Кејд Дејвис со порака: Големо благодарам до сите во МЗТ Скопје

Кошаркарот на МЗТ Скопје, Кејд Дејвис летово ќе ги смени клупски бои. Откако не се договори за продолжување на соработката со „металците“, одличниот американски бек реши својата кариера да ја продолжи во дресот на грчкиот прволигаш Неа Кифисиа. Дејвис воедно јавно се заблагодари за сите прекрасни моменти доживеани во дресот на МЗТ Скопје, првиот тим на Американецот по преселбата во Европа.

„Едно големо благодарам до МЗТ Скопје и до најдобрите навивачи на светот за прекрасните три години поминати овде. Им посакувам на сите мои поранешни тренери и соиграчи се најдобро и успех во понатамошните нивни кариери. Ќе ми недостасува Скопје и сите пријатели што ги стекнав за време на мојот престој тука. На МЗТ му посакувам исто така се најдобро во престојната нова сезона” – порача Кејд Дејвис.