Кејт доби конкуренција: Таа е новата миленичка на Британците

Сите добро знаеме колку Британците ја сакаат војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон и клоку се восхитуваат на нејзиниот моден стил во бременоста, но по се изгледа таа доби конкуренција.

Кејт Мидлтон е секогаш на врвот на сите светски топ листи кога станува збор за стилот и облекувањето, но по се изгледа уште една Британка станува се пинтересна за луѓето во светот.

Имено, 29-годишната актерка Кира Најтли воодушевува со своите модни избори откако остана бремена, па ги доби највисоките оцени кога станува збор за нејзиниот стил.

kiraaa_2

Кира која во моментов е бремено и го очекува своето прво дете со сопругот Џејмс Рајтон годинава е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра споредна женска улога во филмот „The Imitation Game“.

Според анкетата во која Кира беше оценета со највисоки оценки, станува јасно дека Британците сакаат елегантни единствени и оригинални дами, а такви се сигурно и холивудската актерка и војвотката од Кембриџ.

фото: AP