Кејт и Вилијам ќерката ќе ја крстат Дајана

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам своето второ дете, ако биде девојче, ќе го крстат по мајката на принцот, Дајана.

Принцот Вилијам и неговата сопруга не се изненадени за тоа што ќе добијат второ дете бидејќи, како што велат, тоа било планирано. Војвотката и во втората бременост, исто како и во првата, има проблеми со мачнини, но одбила да остане во болница и решена е бременоста да ја помине дома.

Извор близок на парот вели дека тие го избрале името уште за време на првата бременост. Принцот на тој начин сака да и оддаде почит на својата покојна мајка. Дајана загина во сообраќајна несреќа во 1997 година.

Вилијам и Кејт го имаат синот Џорџ, а второто дете треба да го добијат на почетокот на јануари.

princeza-dajana-1380925774-376219

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.