Војводата и војвотката од Кембриџ пристигнаа во Њу Јорк, а во рамки на тридневната посета се очекува тие да имаат средба и со претседателот на САД Барак Обама и да ја посетат и Белата Куќа.
Вилијам и Кејт се сместија во луксузниот хотел Карлајл. Во истиот хотел, каде едно ноќевање чини околу 14 000 долари, има престојувано и мајката на Вилијам, принцезата Дајана.
Кралската двојка беше пречекана од страна на директорот на хотелот, а околу 200 обожаватели се собраа и ја искористја приликата да ги видат одблиску.
Кејт која е бремена околу пет месеци, заблеска во виолетовиот капут.
По сместувањето, двојката се упати на хуманитарна вечера кај британскиот медиумски могул Сер Мартин Сорел. За оваа прилика Кејт одбра црн краток фустан.